недела, 1. август 2021. Вести денес: 60
home Вести

Мицкоски: Лошата бизнис клима принудува македонски компании да го иселуваат капиталот

Мицкоски: Лошата бизнис клима принудува македонски компании да го иселуваат капиталот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нан Алфа телевизија денеска истакна дека дека ако се продолжи со оваа политика на бркање на странските инвеститори, сите странски инвеститори ќе ја заобиколат Македонија и она што е пострашно голем број на македонски компании ја напуштаат веќе Македонија и одат во соседството, а тој тренд ќе продолжи.

За 2018 тата се уште полоши затоа што бројката на реализирани капитални инвестиции е 65,5 проценти е веднаш после ребалансот каде практично една четвртина од планираната вкупна сума беше стратена, што значи дека историски најкатастрофално сме поминале, објасни Мицкоски. Тој вели дека проектниот менаџмент, односно неспособноста на оваа влада на СДСМ и ДУИ доаѓа до израз и се повеќе и повеќе ќе каскаме во тој дел во реализиацијата на инвестиции, а за нови инвестиции не сме ни слушнале.

– Пред бројките велат и боговите молчат, оваа година го видовме вистинскиот капацитет на ДСИ во првиот квартал, а тоа дваесетина милиони евра, скромна срамежлива бројка која што е убедливо најниска во регионот, вели Мицкоски.

Коронавирус