петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: Локални избори во еден круг за заштеда на парите на граѓаните и отворени сме за разговори за промена на изборниот модел

Мицкоски: Локални избори во еден круг за заштеда на парите на граѓаните и отворени сме за разговори за промена на изборниот модел

Мислам дека треба да покажеме зрелост пред се како политичари, овие локални избори посебно делот на изборот на градоначалници да не трошиме пари во онака тешката економска состојба во два круга, некогаш може и повеќе од два круга ако има изборни нерегуларности. Мислам дека треба да заврши изборниот циклус посебно во делот на градоначалниците во еден изборен круг и тоа е вистинска реформа која што треба да ја направиме и на тој начин ќе заштедиме милиони пари од граѓаните и истите тие милиони може да ги насочиме за таблети и лаптопи за децава да можат да следат настава онлајн, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата„Само интервју“.

Мицкоски во своето гостување укажа дека ВМРО-ДПМНЕ е принципиелно против една изборна единица и да се менува изборниот модел неколку месеци пред избори. Според него може сега да се седне и да се разговара за промена на изборниот модел

-Ние може сега да седнеме и да разговараме за промена на изборниот модел зошто да не биде пола-пола, да речеме да имаме 60 мнозински изборни единици и една изборна единица која што ќе даде 60 пратеници, зошто да не зборуваме за 120 мнозински, додаде тој.

Коронавирус