среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 154
home Вести

Мицкоски: Лажгото Заев изгради кариера со криминал, лаги и корупција, со злоупотреба на човечки судбини и со трговија со свети работи

Мицкоски: Лажгото Заев изгради кариера со криминал, лаги и корупција, со злоупотреба на човечки судбини и со трговија со свети работи

Длабоко во себе сите чувствуваме немир дека Македонија со ова ја губиме. Било тоа да е името, идентитетот, македонизмот, уставот, економската стабилност, слободата, губиме како држава на сите полиња. Секој ден од Македонија има се помалку. И нема повеќе простор за нови порази кои им ги носат на нашето општество. Нема простор за нови поделби и конфликти. На поразите мора да им ставиме крај. Чукна часот, дојде денот кога ќе се порази заевизмот во Македонија,  порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Охрид.

-Тие мислат дека се силни и моќни додека ги газат дебелите килими низ светот, а заборавија дека народот едвај скрпува од 1-ви до 1-ви во месецот. И нека продолжат да мислат така, но ние сме побројни и посилни, ќе покажеме мудрост и храброст. Че ги победиме толку силно што нема да знаат што ги снашло.  Тие носат неправди, ние ќе ги поразиме за да донесме правда, тие се служат со невистини, ние ќе ја донесме вистината.  Видовме дека не им било за правда или мир. Едноставно било за пари, за тие црни пари, за тие пусти пари, за привилигии и моќ.  Ниту правда ниту мир. До гуша е земјата во криминал и корупција. Велат ќе сме оделе напред. Каде ќе одиме напред со аболирани политичари? Никој не им верува, порача тој.

Мицкоски истакна дека единствено каде одиме напред се листите каде се мери корупцијата и криминалот, е таму сме први.

-Нема ден да нема афера, а корупцијата го јаде секое здраво ткиво. И цело ова време сакаат да го скршат духот на народот, да го уништат карактерот на Македонецот, потребна им е таа рамнодушност која сакаат да ја наметнат, за да можат полесно да владеат, за да им поминува овој колективен грабеж неприметно, за да може да се богатат додека народот се занимава со оние приказни во кои и самите не веруваат. Велат ќе одиме напред, ниту слоган не можат да смислат, па го украдоа и пресликаа.   Извршија напад на вашите сетила мислејќи дека така ќе го прикријат предавството. Сакаат да ја вакцинираат јавноста  кога државата ја губиме, и политички и економски. Што се не поминавме во овој период, промена на име, идентитет, променет Устав, непринципиелни коалции, виткање на кичма од власта за да ја скршат кичмата на народот, прогони, политички прогони, апсења, демонстрирање на сила, пропаганда со цел воспоставување на едноумие, влечкање на луѓе по затвори, трговија со притвори и договори, криминал, и тоа многу криминал. И таман мислеа дека успеваат, дека им пошло од рака да го скршат Македонецот, на овие избори ќе се соочат со празни плоштади каде ќе се обидат логото ископирано да им го претстават на граѓаните. И втората вистина со која ќе се соочат се илајадниците граѓани кои на овие избори ќе дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова. а овде во Охрид побројни од било кога, ќе дадат голема поддршка за нашиот кандидат и иден градоначалник. Види го овој народ Зоран Заев и сам извлечи поука. Готов си, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му испрати порака на премиерот Заев.

-Заев, готов си! Готов си. Спремај се за пензија, но овие твоите пензионерски денови нема да бидат мирни, биди подготвен да се соочиш со законот и со вистинската пресуда за сето тоа што и го направи на нашата татковина. Луѓе ваков лажов Македонија нема видено досега. Овој човек по кажување на лаги ги надмина сите други неславни ликови од независноста до денес. А ќе се согласите досега видовме многу вакви, но овој е принцот на лагите во политиката во Македонија. Заев кога збори за правда, е толку неверно, нестварно, како некој човек од Северна Кореја, политичар,  да ви збори за демократија.  Тие велат добро се живеело во оваа наша земја, а сите знаеме дека тоа се бајки, розеви очила потхранувани со парите на владината машинерија задолжена за ширење на лаги. Лаги во кој дури и пропагандистите не можат да поверуваат. Лажгото Заев изгради кариера со криминал, лаги и корупција, со злоупотреба на човечки судбини и со трговија со свети работи. Но секоја негова лага се распрсна како меур од сапуница.  Како само злоупотребуваше човечки трагедии, велеше дека ќе ја каже вистината за Никола Младенов, мистифицираше, се плеткаше, даваше лажни надежи.  Се виде дека нема ништо од тоа. Сигурен сум дека нема прашано како е, како живее и колку тешко опстојува семејството на Мартин Нешкоски? А се сеќавате на тој случај кариера градеше и денес е премиер.  Сигурен сум дека не ги прашал семејството на младиот Мартин Јанушев, на малиот Саздо?! За него не беше тешко и да ги лаже родителите на децата убиени кај Смилковското Езеро.  Само за пуста власт и пусти пари. И ова е само еден дел. Сакам да потенцирам колку само пизма и злоупотреби прави човекот кој сега е премиер, посочи Мицкоски.

„Добри луѓе, граѓани на Македонија, станете да го поразиме. Да му го покажеме местото на Зоран Заев и тие околу него“-порача Мицкоски.

Мицкоски посочи дека печатот на Заев е дека е аболиран премиер, и дека лично тој седи зад исторската неправда за промена на името и идентитетот.

-Со тоа треба да живее целиот свој живот. да се гледа во огледало со тоа, да заспива и да се буди. Жално за него, а болно за Македонија и а сите нас.  Тоа е човек кој не сака да изусти дека живеат Македонци во Северна Грција, зборуваат македонски јазик, се веселат на народни ора и пејат македонски песни. Историјата досега не памети ваков  срам како што Заев и приреди на државата и тоа го направи преку газење на волјата на граѓаните изразена преку неуспешниот референдум на 30-ти септември. И сега многу често знаат да речат луѓето од власта, а вие што ќе правите доколку дојдете на власт, што ќе промените да ги смените работите, порача Мицкоски.

неправда е, рече, кога родители на па

Најнови вести

Коронавирус