четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 200
home Вести

Мицкоски: Котлар како нов градоначалник уште во првите 100 дена ќе ги реши сите проблеми на пазарџиите, ќе се подобри и пристапот до самиот пазар

Мицкоски: Котлар како нов градоначалник уште во првите 100 дена ќе ги реши сите проблеми на пазарџиите, ќе се подобри и пристапот до самиот пазар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше на средба со пазарџиите од Зелено пазарче во Скопје.

-Денеска бевме овдека на пазарот, можевме заедно со професорката Наташа Котлар, со идниот градоначалник на општина Центар да поразговараме со луѓето кои што се борат на дневна основа да обезбедат егзистенција за нив, за нивните семејства. Од тоа што можев да го слушнам е нормално сето она што денеска го живееме во ова нашето тешко секојдневие, беспарица голема, лош стандард, цени високи. Они имаат и поинаков проблем овдека до пристапот до пазарчето наметнати паркинзи, наметнати огради и бариери за да не можат луѓето да доаѓаат да пазаруваат нормално. И сето тоа создава проблем не само за нив, туку и за граѓаните во овој регион. Она кое што ние можеме да го кажеме е дека сето тоа кое што претставува проблем за луѓето за тука, за пазарџиите, за луѓето кои што пазаруваат тука од овие пазарџии е дека ќе сториме се што е во наша моќ, уште во првите 100 дена сите оние проблеми со кои што тие се соочуваат и кои што денеска тие ни ги кажаа да ги решиме. Да покажеме дека можело поинаку, дека може да се работи за интересот на граѓаните, бидејќи ние како ВМРО-ДПМНЕ сме народна партија и нашата коалиција за „Обнова на Македонија“ е коалиција на народот пред се и тоа го зборував за време на оваа кампања на локалните избори дека е ова историски најголемата коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата за „Обнова на Македонија“ заедно со народот. Така и ќе продолжиме и во првите 100 дена тоа кое што ќе го преземеме сега како обврска ќе го реализираме, за да покажеме дека можело поинаку, да ја вратиме самодовербата кај граѓаните. Истата таа изгубена бидејќи се разочарани од поразите изминатиов период, изминативе години. Да видат дека не се политичарите луѓе кои што гледаат само за свој личен интерес, луѓе кои што уживаат во привилегиите од политиката, туку и дека политичарите, оваа нова генерација политичари се луѓе на народот и заедно со народот ќе функционираат, истакна тој.

Мицкоски порача дека мора да биде покажана една поинаква реалност.

-Мораме да покажеме еден поинаков карактер, едни поинакви вредности од сето она кое што денеска беше слика за еден политичар во ова наша сиромашна и напатена Македонија. Ние се обврзавме за тоа, и професорката Наташа Котлар е силно мотивирана, жена која што успеала во својот живот, сака да успее заедно со центарци, да направиме една поубава и подостоинствена средина со центарци, со скопјани, но и со граѓаните на Македонија, истакна Мицкоски.

Коронавирус