четврток, 5. август 2021. Вести денес: 95
home Вести

Мицкоски: Кој може да брани подобро стратешки интереси, јас кој немам пенкало во животот украдено или Заев кој украде цела држава?

Мицкоски: Кој може да брани подобро стратешки интереси, јас кој немам пенкало во животот украдено или Заев кој украде цела држава?

Пред партиската младина, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запраша, кој подобро би се грижел за стратешките интереси, тој или Заев?

– Кој може подобро да ги брани или застапува, јас кој едно пенкало во животот немам украдено или Заев аболиран кој украде цела држава? Јас кој се школував овде и во центри во Европа, или Заев кој во тоа време создаваше клановска крими империја во Струмица и продава во Русија?Јас, кој работам според чест, принципи и вредности, или Заев кому свитканата кичма, лажењето и тапкањето по рамо му секојдневие. Се знае тука кој е изборот. Па драги пријатели, кој го потпиша договорот за Стратешко партнерство со САД? ВМРО-ДПМНЕ. Кој донесе визна либерализација? ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби договор за стабилизација и асоцијација? ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби десетина препораки за почеток на преговори со ЕУ? ВМРО-ДПМНЕ. Епа, ова е најдобриот демант на тезите на домашните пара-аналитичари кои сами прават некакви листи во име на Заев, рече Мицкоски.

Коронавирус