четврток, 13. август 2020. Вести денес: 159
home Вести

Мицкоски: Кој го тераше Заев да прифати сведителствата на дечињата да бидат со новото име, тоа никаде него пишува во договорот

Мицкоски: Кој го тераше Заев да прифати сведителствата на дечињата да бидат со новото име, тоа никаде него пишува во договорот

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во „360 степени“ при што посочи дека ултиматумите ќе потсетуваат на предавството и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ. И тука нема апсолутно никаква дилема.

„Никаде не пишува да се променат сведителствата. Кој го тераше Зоран Заев да ги промени сведителствата, кога ние се уште не сме го отвориле поглавјето“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека студенти кои што завршуваат и дипломираат и на диплома на која им пишува Република Македонија, и пак го продолжуваат своето образование во врвните универзитети по светот, и никој не им прави проблем ако пишува на дипломите Република Македонија.

„Јас сум сигурен во ова што ви го зборувам, јас можам и примери да ви ускажам. Има студенти кои студираат без проблем во Франција – Париз, во Швајцарија. Ние имаме дипломци кои по светот студираат со дипломи на кои пишува Република Македонија. Немојте да мислите дека оваа административна пречка го натерала Зоран Заев. Не, затоа што тие кога имаа слабост во сите области корупција, криминал, немање реформи, лоша економија, буквално катастрофа во се, единствено најлесно што останува е вратоврската и да потпишете една ваква капитулација“, нагласи Мицкоски.

Коронавирус