понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 167
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Кога се срами од родот свој, можам да замислам што може да очекуваат другите заедници- ВМРО-ДПМНЕ останува македонска партија

Мицкоски: Кога се срами од родот свој, можам да замислам што може да очекуваат другите заедници- ВМРО-ДПМНЕ останува македонска партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање „Деновите дел од партиите како да флертуваат меѓу себе, зборувам за СДСМ, ДПА и Беса и тоа беше до тој степен што претседателот на СДСМ рече дека СДСМ не е веќе не е македонска партија, туку мултиетничка. Според вас,  вашата програма со која од помалите албански партии најмногу парира сега вака предизборно“, Мицкоски вели дека човекот кој се срами од родот свој како може да биде добар за сите останати.

-Еве за првото, за изјавата на господинот Зоран Заев од вчера, јас сум го коментирал тоа многу пати во минатото, се можеме да се изнаслушаме до 12 април од тој човек и не би ме изненадило што и да каже навистина, за мене лично е очекувано. Но, замислете кога човекот кој се срами од родот свој како може да биде добар за сите останати. Од тоа треба сите останати да извлечат поука, затоа што навистина не можам да го разберам. Еве се чудам од вчера до денеска и не можам да донесам некој логичен заклучок како човек може да се срами од родот свој, а да очекува  другите етникуми повеќе да го почитуваат кога гледаат дека он своите практично ги остава. Но, тоа е состојба во СДСМ, има таму луѓе основачи, луѓе кои ја формирале, создале партијата, тие треба да се јават, тие да дадат одговор да кажат врз основа на кои постулати се темели тоа комплетно напуштање на концепт на кој е создадена таа политичка партија. Јас како лидер на опозицијата, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ е и останува македонска партија која што била и ќе остане единствена, заштитник на државните и националните интереси на македонскиот народ на граѓаните во Република Македонија, на другите етнички заедници.

Коронавирус