понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 154
home Вести

Мицкоски: Кога сакаат да дефокусираат, лажат дека немаме став – но владата е таа која нема решение за ниту еден проблем на народот

Мицкоски: Кога сакаат да дефокусираат, лажат дека немаме став – но владата е таа која нема решение за ниту еден проблем на народот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест обвини дека Заев и СДСМ за да ја покријаст нивната политичка бедотија и неспособност го обвинуваат него и партијата дека немаат став за ништо.

-Во ситуација кога ништо не работат, најдоброто што знаат да го изустат, е дека Мицкоски немал став за ниту едно прашање со надеж да ги свртат погледите кон нас за да не се види нивната политичка бедотија и неспособност. Епа еве да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема прашање за кое нема јасен и прецизен став, исто како што Заев и неговата магарешка влада немаат решение за ниту еден проблем кој што е секојдневие на народот во Македонија, порача Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус