сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Кога делеа картички за нафта и субвенции добиваа наместени ПР аплаузи, но поради таквите грешки денес се плаќа цената со новозаразени

Мицкоски: Кога делеа картички за нафта и субвенции добиваа наместени ПР аплаузи, но поради таквите грешки денес се плаќа цената со новозаразени

Во вечерашното издание на дебатната емисија на ТВ Клан, гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој зборуваше за актуелните политички теми, како и за моменталната здравствена ситуација во државата и Ковид пандемијата.

Владата на многу начини пробуваше да замачка очи на граѓаните и да им укаже на тоа дека се е во ред, па дури и дека ситуацијата е тотално под контрола и дека Македонија е една од земјите кои најдобро се справуваат со Ковид пандемијата. Во тие моменти пари кои беа позајмени наместо да се искористат за реални потреби и за стабилизирање на здравствената и економската ситуација во државата, Владата делеше субвенции и нафта на одредена категорија на граѓани, од кои за возврат доби наместени аплаузи за да се прикрие неработата и безидејноста, вели Мицкоски.

“Јас им велев и тогаш, им го велам истото и сега. Не се потребни ПР лаги и манипулации, туку е потребна целосна посветеност на решавање најпрво на здравствената криза, а потоа и на економската. Не е важен ниту Христијан, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту дали се предложените мерки наши или ваши, туку се работи за човечки животи. Не смее да си игра со тоа никој, најмалку политичарите. Потребно е сплотување во овие моменти, да помогнеме каде што е најпотребно и да си го спасиме народот од оваа пандемија, а не да Владата да се занимава секој нов ден што да и смести на опозицијата, само за да ја задскрие неспособност”, истакна Мицкоски.

Решението на проблемот со здравствената криза не се крие во прес конференциите на Филипче со тивок и смирен тон, туку во лоцирање на изворот на проблемот и да се работи на суштинско решавање на здравствената криза. Политиката ќе се води и понатака во годините што следат, секоја политичка партија ќе се прикажува пред граѓаните, но сега не е момент за ПР манипулации, туку за сериозно зафаќање со проблемите, бидејќи неработата и некадарноста, за жал резултираат со огромен број новозаразени и за жал починати луѓе, заврши Мицкоски.

Коронавирус