среда, 21. април 2021. Вести денес: 170
home Вести

Мицкоски: Ќе се трудам да ги вклучам сите кои сакаат да помогнат во борбата за демонтирање на оваа неспособна власт

Мицкоски: Ќе се трудам да ги вклучам сите кои сакаат да помогнат во борбата за демонтирање на оваа неспособна власт

Јас ќе се трудам да ги вклучам сите кои сакаат да помогнат во борбата на демонтирање на оваа неспособна власт предводена од СДСМ, влада безидејна, без проекти. Без суета, без непотребни каприци, секој граѓанин кој сака да помогне, и во програмскиот дел, и во организацискиот дел, и во креирањето и одбраната на политиките и новата визија и план кои се пред нас, но и во напорите да се посочат реалните проблеми и да се избориме за подобро утре за целиот народ, рече Мицкоски.

-Сакам да ве уверам, постојано од денеска натаму ќе го правам тоа ќе одговарам пред вас, ќе бидам секојдневно на ваше располагање заедно да одлучуваме, тоа ви го ветувам. ВМРО е најдлабоката емоција на овој народ, вграден елемент во неговото битисување. Тоа е израз на најслободарските идеали, но и рефлексија на жестокиот притисок, и борба за своја држава и независност на нашиот народ. Ако многу други народи имаа свои движења, организациии, паметници на своите историски подвизи, херојски чекори и достигнувања,Македонија го има ВМРО, а ВМРО не се само штабовите, органите на партијата, туку секој чесен граѓнин кој ја сака Македонија, и во кој живее таа непоколеблива пркост која ги натера многу херои во минатото да ја побараат слободата, многу интелектуалци тоа го правеа со своето перо, а еве денес нашата генерација стои пред предизвици и прашања подеднакво големи како во минатото, и токму сега повеќе од кога и да е, е потребна мудрост и разум и пред се трпение, рече Мицкоски.

На Македонија и престои време што бара енергичност и заеднички напори. Теренот, градовите, населбите, маалата и улиците ќе останат природната средина во која ќе функцонира ВМРО-ДПМНЕ и активистите на оваа партија.

Коронавирус