недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 25
home Вести

Мицкоски: Ќе се бориме Македонија да предничи по технолошките иновации и ќе бидеме најсилната поддршка на оние кои сакаат да го развијат бизнисот

Мицкоски: Ќе се бориме Македонија да предничи по технолошките иновации и ќе бидеме најсилната поддршка на оние кои сакаат да го развијат бизнисот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска беше во работна посета на Гостивар.

Од таму тој објави и статус во кој пишува дека во Македонија ќе се борат за создавање на нови технолошки иновации, како и развивање на бизнисот и отворање на нови работни места.

-Ја посетив гостиварската Тулана, место каде повеќе луѓе ја обезбедуваат својата егзистенција.

Домашен бизнис кој функционира со години, и кој дополнително ќе се развива доколку ја има потребната поддршка од надлежните институции. Средните компании мора да бидат р’бетот на нашата економија, можен е вистински економски бум доколку навистина се работи на обезбедување на услови за правање на бизнис, се отворат нови капацитети, се намалат даноците, и административните процедури, се обезбеди правда и владеење на правото, им се влее на стопанствениците сигурност.

Ние тоа ќе го направиме, ќе се бориме Македонија да предничи по технолошките иновации, ќе бидеме најсилната поддршка на оние кои сакаат да го развијат бизнисот и обезбедат повеќе работни места.

Ќе се бориме за силна економија и правда и тоа ќе обезбеди сигурност.

Нашата борба е за секој еден човек и за иднина тука во Македонија, стои во статусот на Мицкоски.

Коронавирус