недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ќе продолжиме со протестните маршеви, на 2-ри септември во Кичево

Мицкоски: Ќе продолжиме со протестните маршеви, на 2-ри септември во Кичево

Во своето гостување во вестите на телевизија Алфа, лидерот на опозицијата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека работното лето на ВМРО-ДПМНЕ не е завршено и најави нови протестни маршеви ширум државата од кои следен ќе биде протестниот марш на 2-ри септември во Кичево со почеток во 13 часот. Мицкоски истакна дека акцијата на ВМРО-ДПМНЕ, „Лето за Македонија“ во која веќе се посетени околу 50-тина илјади домаќинства продолжува и во наредниот месец.

-Сакам да потсетам дека некаде околу 50-тина илјади домаќинства веќе се посетени во рамките на нашата акција, „Лето за Македонија“ истата малку забавуваше во втората половина на август, објективно поради годишните одмори, истата ќе продолжи и со несмалена динамика сега и во септември. Исто така би сакал да ја искористам оваа прилика да ги поканам сите граѓани на Република Македонија кои што сакаат да го изразат своето незадоволство од политиките на СДСМ и Зоран Заев да ни се придружат на нашиот протестен митинг кој што ќе се одржи на 2 септември во Кичево со почеток од 13 часот, вели Мицкоски.

Коронавирус