петок, 17. септември 2021. Вести денес: 113
home Вести

Мицкоски: Ќе предложам Анкетна комисија за испитување на злоупотребите на референдумскиот процес

Мицкоски: Ќе предложам Анкетна комисија за испитување на злоупотребите на референдумскиот процес

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе предложи анкетна комисија за испитување на злоупотребите на референдумскиот процес.

Ова го најави во своето гостување на „Отворено“ на Алфа.

-Нашата анализа покажува дека повеќе од 50.000 гласа на ова референдумско изјаснување, се гласови кои што на насилен и девијантен начин се брутално полнети во кутиите. Ако оваа бројка се додаде на онаа бројка која што ја кажа Заев, тогаш ние ќе добиеме една бројка на гласови која што е под секаков минимум.Но, тоа не загрижува толку колку што загрижува дрскоста на политичарите, на политичките елити кои што ја водат Владата, да се дрзнат и да влезат во една ваква авантура во процес во кој ќе ја вратат Македонија во 90-тите години кога револвераши беа присутни во изборните места, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека се е документирано и дека ќе ја запознат меѓународната заедница што се случуваше вчера во Македонија.

Од ова Јавно обвинителство, вели, не очекува ништо.

-Ќе предложам на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да предложи формирање на анкетна комисија во Собранието, која ќе се позанимава со целокупниот процес на референдумско изјаснување, ќе го разгледа од моментот на организирање на кампања, колку средства, за што се трошени, колку чинела секунда во поедини медиуми, , па се до бруталното полнење на кутиите.

Коронавирус