вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Ќе понудиме програма со решенија за реалните проблеми, она што им треба на граѓаните

Мицкоски: Ќе понудиме програма со решенија за реалните проблеми, она што им треба на граѓаните

Нашиот главен фокус ќе биде на ова што се вика локални избори, ама и криминалот и корупцијата. Ние имаме висок степен на криминал и корупција и не само според Транспаренси, туку и во извештај на Стејт департмент, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисијата Заспиј ако можеш што се емитува на телевизија Алфа.

„Ќе се фокусираме на проблемите на граѓаните. Луѓето се уморни од политиката, разочарани се, и ние треба да им ја вратиме вербата“, вели Мицкоски.

Оттука рече Мицкоски она што ние ќе го направиме е понуда на програма со решенија.

„Она што го прави Шилегов, еден самобендисан човек како него, се гледда дека сега не е во своите чевли. Имаше проект Илиденска да ја спои со Ѓорче и од тоа нема ништо. ВМРО-ДПМНЕ е различно ќе понудиме програма со решенија за реалните проблеми, она што им треба на граѓаните“, кажа Мицкоски.

Најнови вести

Локални избори 2021