понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 171
home Вести

Мицкоски: Ќе побараме закон за амнестија за седуммината осудени и очекувам Села да го поддржи- тоа е политички монтиран случај

Мицкоски: Ќе побараме закон за амнестија за седуммината осудени и очекувам Села да го поддржи- тоа е политички монтиран случај

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера во емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека ќе биде побарана амнестија за седуммината напаѓачи на Зијадин Села кои вчера беа осудени на вкупно 81,6 година затвор, бидејќи станува збор за политички монтиран случај.

Имаме нееднаков аршин во изнесувањето на судските пресуди. Имаме таков пример- луѓе кои што се осудени на вкупно 81 година затвор, а во Охрид се случи убиство каде што човекот кој што го направил тоа е осуден на пет години затвор. Да не зборувам за сите овие не разоткриени случаи на убиства по скопските улици, за сите оние тероризирања, обиди за убиства кои што се случуваат, пресметки со ножеви и така натаму, а сите тие се квалификувани како насилство, е сега овој случај се темели на тоа дека имаме пресуда која што е еднакво на 81 година затвор, истакна Мицкоски и додаде:

„Во оваа прилика ја информирам македонската јавност како претседател на ВМРО-ДПМНЕ пред партиските органи ќе предложам и ќе побарам поддршка од страна на извршниот комитет да изработиме амнестија за овие луѓе бидејќи очигледна е политичката пресметка, а не докажувањето на кривичното дело и доколку добијам поддршка откако ќе се изработи овој закон и истиот ќе биде доставен до Собранието ќе побарам поддршка од страна на Зијадин Села да го поддржи истиот закон“.

Тој уште еднаш додаде дека станува збор за политичка пресметка и притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и врз семејствата на тие луѓе.

Инаку, вчера беа осудени- Кире Ѓорѓиевски 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци.

Коронавирус