среда, 12. август 2020. Вести денес: 181
home Вести

Мицкоски: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Мицкоски: Ќе имаме тело за проверка на реализација на проектите од програмата

Денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски гостуваше во дебатна емисија на телевизија 24 каде што посочи дека по доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе се воспостави тело за проверка на реализација на проекти кои што се ветени во самата програма. Со тоа тело ќе се воспостави мониторинг и врз општините за да се согледа дали ги реализираат самите мерки и дој кој степен се реализирани. Така ќе се воспостави и врска помеѓу локалната и централната власт.

„Тука пред се мислам на градоначалниците кои што ќе бидат од редот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи за една година од денеска ќе имаме локални избори во нашата држава. И водич најдобар на тие локални избори ќе излезат градоначалниците и преземат определени обврски, одредени капитални инвестиции, определени развојни зафати во општините во кои што ќе делуваат.  И апсолутно да е важно тој систем на локална и централна власт да може синергиски да функционира. Затоа што ако една централна власт сака да реализира било каков еве клучен инфраструктурен проект таа мора да има соработка, комуникација со локалната власт, и обратно“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека зборува за заедничко функционирање во делот на тоа како ќе функционираат инвестициите во државата. И во делот на тие инвестиции кои што ќе се реализираат во општини каде што се градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ очекува дека тоа ќе биде како еден вид на синергија, и нема да има било какви опструкции.  Очекува дека и другите општини каде што ќе има градоначалници од други политички партии нема да вршат опструкции и ќе прифатат инвестиции за доброто на нивните општини и граѓани.

„Ние може да одговараме за исполнување на проекти на градоначалниците позади кои што ќе застанеме ние. А, останатите градоначалници кои што не се од редови на ВМРО-ДПМНЕ можеме во текот на нивното позиционирање да ги предизвикуваме Да речеме ова сте го ветиле во првата година, ова сте го ветиле во втората година зошто не го испорачувате на граѓаните. Можеме со една лесна провокација да ги направиме подобри“ истакна Мицкоски.

Коронавирус