петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Вести

Мицкоски: Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, се обврзуваме за поголеми плати за медицинските и просветните работници

Мицкоски: Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, се обврзуваме за поголеми плати за медицинските и просветните  работници

Доста е од неправди и измами, време е да се исправиме и да исправиме се. Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, кои се сржта на државата!, вели во своето најново видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Се обврзуваме за поголеми плати за медицинските работници и овозможување за дополнителни часови работа во приватното здравство.

За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, што ќе значи плати од 36.000 денари за просветните работници во основното и средното образование и плати од 100.000 во високото образование, додава Мицкоски.

Коронавирус