сабота, 17. август 2019. Вести денес: 91
home Вести

Мицкоски: Ќе дојдат подобри денови за Македонија, доаѓа ново време, започнува нова реалност во татковината

Мицкоски: Ќе дојдат подобри денови за Македонија, доаѓа ново време, започнува нова реалност во татковината

Победивме!!! Победивме и тоа е победа на сите вас што сте овде, но и на сите оние кои што денеска ја поддржавте идниот претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и идните градоначалници кои што се во Охрид и Ново Село Николчо и Митре, јас од срце ви благодарам. Ги победивме сите оние остатоци од транзицијата, ги победивме сите оние неуспешни измамнички и криминални политики чии што предводник и олицетворение е Зоран Заев, ги победивме но не целосно ги поразивме. Затоа е неопходен вториот круг и победа во вториот круг, изјави на прес конференцијата во штабот на ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски кој додаде:

„Но, ова што денеска вие заедно со нас го направивте е победа пред се на нашата заедничка татковина Република Македонија, јас уште еднаш ви благодарам и ви се поклонувам за тоа. И што е најважно ја победивме хотел коалицијата. Драги браќа и сестри, добри луѓе, Доаѓа правдата, правдата за Македонија! Правдата за која се обединивме, окрупнивме, за која добивме сила, правда та која беше нашата водилка, правдата која што му е насушно потребна на нашиот народ и на нашата татковина. Затоа што однародената власт на Зоран Заев донесе неправда, донесе криминал, донесе корупција. Криминал и корупција поради кои што страдаат сите граѓани. Оваа победа е велика затоа што е на народот и во вистински момент. На секој еден човек кој почувствувал на своите плеќи неправда, и истовремено одговорил борејќи се за правда.“

Мицкоски потенцираше дека од денес, ден недела, Цветници, Македонија има нова реалност и Македонија, горда, достоинствена, честита, праведна победи денеска.

-Победи Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот, најголемата, најсилната, коалиција, наспроти однародената власт предводена од Зоран Заев, СДСМ и уште други 30тина партии кои што за жал одбраа да му бидат слуги на Зоран Заев. Народот против целата власт. Власта е делегитимирана, почна падот на Зоран Заев и секој треба да е свесен за тоа, а особено тој која ја влече назад целата држава, тој има име и презиме, Зоран Заев, подвлече Мицкоски.

Според него денешниот ден покажа, и дека народот, поради оваа власт е во апатија, незадоволен, но и револтиран.

„И тоа е со право. Затоа што народот никогаш не греши, и не заборава за сето она зло кое овие луѓе го нанесоа, за притисоците, а неправдите, за прогонот, за името, за идентитетот, за чувството дека народот за ништо не е прашан, игнориран, оддалечен, за криминалот, корупцијата, масовната плачка која што денеска е секојдневие. Епа не е така вистинската сила се граѓаните. Македонската пролет доаѓа и нема никогаш да заборавиме од каде почнавме и каде сме и каде треба да бидеме. А ќе бидеме чекор по чекор. Математички прецизно. Ќе дојдат подобри денови за Македонија, доаѓа ново време, започнува нова реалност во татковината. И ќе бидеме заедно се до конечна победа.“

-Победивме во Скопје. Цело Скопје е повторно победнички ВМРОВСКИ град. Победивме во Гази Баба, во Ѓорче Петров, победивме во Бутел, победивме во Аеродром, победивме во Кисела Вода. Победивме во Битола, победивме во Штип, победивме во Прилеп, победивме во Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Велес, Кичево, победивме во Виница, победивме во Кочани, Демир Капија, Росоман, Градско, Свети Николе, Македонска Каменица, победивме во Охрид, победивме во Ново Село, а одиме и на победа во вториот круг за градоначалници и во Ново Село каде што водиме, но и Охрид каде што е тесна разликата, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и додаде:

„Благодарам за сите кои што денес ни ја дадоа поддршката, но и оние кои не се одлучуваат да ни ја дадат поддршката, но и оние кои се колебаа, а денес гледаат дека народот се обединува. Ајде заеднички браќа и сестри, добри луѓе, ајде заеднички во вториот круг да дојдеме до таа толку посакувана конечна победа. Ајде да го поразиме Зоран Заев. Ајде да ги поразиме. Ајде заеднички да ја победиме оваа хотел коалиција, овие елитисти кои што за само за две ипол години успеаја она вистинско лице, кое што народот во Република Македонија го заборави, бидејќи долго време беа опозиција. Ајде да ги победиме овие транзициони криминални политики, ајде да застанеме на вистинската страна. Ајде да победиме за Македонија и за граѓаните на Македонија, бидејќи Гордана верувајте ми е идниот претседател на републиката, претседател на Македонија.“

Упати повик до сите граѓани да се обединат во вториот круг:

„Ајде сите да се обединиме во вториот круг, без разлика на партиската припадност, без разлика на етничката припадност, без разлика дали сте аполитични, без разлика на верската припадност, ова е наша татковина и да одбереме подобра иднина. Ајде сите добри луѓе да се обединиме за идниот претседател професорката Гордана Сиљановска Давкова. Затоа што Гордана е честита жена, со принципи, со вредности, вистински борец за правото и правдината, безкомпромисен заштитник на законите и Уставот, и таа заедно со нејзиниот тим , заедно со вас, гарантираат вистинска иднина, а не онаа покриена со многу криминал, и невладеењето на право.“

-Затоа сите вие кои верувате во ова, ве повикувам , ве замолувам, застанете до нас и да ја поддржиме идниот претседател на републиката Гордана Сиљановска Давкова. Изгрева зората, а таа зора носи правда за Македонија. Македонијо вечерва славиме, а од утре повторно на терен до конечна победа додека не те ослободиме. Ви благодарам на сите уште еднаш, ви благодарам на сите што изминатиов период бевте со нас, ги поминавте со нас улиците, плоштадите, домовите. Ви благодарам и на вас кои што се уште се колебате, но знам дека во вториот круг ќе не поддржите, впрочем и благодарам на целата македонска јавност што препозна квалитет и одлучно се спротивстави на криминалот, на корупцијата, на неправдите, и на срамот и ја поддржа правдата за Македонија. Ви благодарам од срце на сите, заклучи Мицкоски.