среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 157
home Вести

Мицкоски: Катица Јанева освен човечкиот го загуби и професионалниот кредибилитет

Мицкоски: Катица Јанева освен човечкиот го загуби и професионалниот кредибилитет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во вестите на телевизија Сител посочи дека Катица Јанева и СЈО освен човечкиот го загубиле и професионалниот кредибилитет со своето делување. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ говореше пред се за оние како што ги нарече полумафијашки методи на сокривање на докази, преку мистериозни опожарувања и поплави. Тој напоменува дека оваа институција е симбол на изневерените очекувања на граѓаните и дел од менталната матрица наречена Заевизам.

-Да точно е ние сме против Катица Јанева и овој состав на обвинители кој што се дел од нејзиниот тим од една проста и едноставна причина што не само што го загубија човечкиот туку го загубија и професионалниот капацитет. Не ги оправдаа очекувањата на јавноста која што безусловно им довери доверба пред речиси четири години да ја водат оваа институција и навистина оваа институција да се претвори во еден орган кој ќе биде заштитник на правото и правдината. Но ние бевме сведоци на полумафијашки методи на сокривање докази, опожарување на простории, поплавување на просториите, а се со цел да ја сокрие трагата. И за нас оваа институција и овие луѓе претставува симбол на оние изневерени очекувања на граѓаните на Македонија и дел од онаа ментална матрица која ние ја нарекуваме Заевизам, вели Мицкоски.

Најнови вести

Локални избори 2021