понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 97
home Вести

Мицкоски: Kако тргнала работава со името и како ги водат процесите нека не се чудат доколку ВМРО-ДПМНЕ не поддржи решение кое ќе биде капитулација, ниту да биде изговор за неуспех

Мицкоски: Kако тргнала работава со името и како ги водат процесите нека не се чудат доколку ВМРО-ДПМНЕ не поддржи решение кое ќе биде капитулација, ниту да биде изговор за неуспех

Генерално информациите кои што ги добиваме се информации кои што и се познати на македонската јавност, ги слушаме од вестите од новинарите и добиваме полуинформации и шпекулации како се одвиваат процесите, вели претеседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју на вестите на Алфа телевизија.

Тој притоа посочи дека Зоран Заев периодов не дава изјави со тој интезитет како што беше тоа пракса во минатото зошто на тој начин ги уриваше позциите на Република Македонија.

-Често пати со секоја своја изјава правеше салто мортале и ги нарушуваше позициите на Република Македонија во овој процес на преговори. Но тоа не значи дека треба да сопре да ја информира опозицијата, претседателот и сите оние политички чинители Во Република Македонија. Одговорноста е најголема негова како премиер на оваа држава на министерот на надворешни работи. Но она што е значајно е фактот доколку утре имаме испорачано решение нека не се чуди никој доколку тоа решение ВМРО-ДПМНЕ го прогласи за капитулација и безусловно го брани, рече Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ не може да биде изговор за туѓиот неуспех ниту беспрекорен апологет на некое решение кое што ќе биде спротивно на националните интереси на Република Македонија.

Најнови вести

Коронавирус