среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 62
home Вести

Мицкоски: Како се пљачка државата, видете како Заев плати двојно повеќе од вредноста на Макпетрол

Мицкоски: Како се пљачка државата, видете како Заев плати двојно повеќе од вредноста на Макпетрол

Како се пљачка државата и како власта ги краде граѓаните, може да се види по примерот како Зоран Заев даде двојно повеќе пари за Макпетрол отколку што беше вредноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Клан, додавајќи дека со тие пари можеа да се направат многу работи за да се подобри животот на македонските граѓани за време на кризата.

– Зошто никој не го поставува прашањето како во услови на криза се преплаќа цената на 50 проценти сопственост на гасоводот во Макпетрол за цели 33 милиони евра. Замислете што се можеше да се направи со 33 милиони евра, истакна Мицкоски.
Тој како пример за подобро да се разбере како се преплати гасоводот за Макпетрол посочи дека ниту еден човек не би платил 40 илјади евра за автомобил кој вреди 20 илјади, но Заев од народните пари плати двојно повеќе.

Тоа се случи денеска, нешто што вреди 18 милиони евра да го плати за 33 милиони евра. Тука се пљачка државата и тука се крадат граѓаните, потенцираше Мицкоски

Коронавирус