недела, 9. мај 2021. Вести денес: 42
home Вести

Мицкоски: Како Филипче го смени планот за два дена, од не ни треба стратешко партнерство со Торлак, за да сега вика ќе ни треба партнерство, нема никаков план, умираат луѓе

Мицкоски: Како Филипче го смени планот за два дена, од не ни треба стратешко партнерство со Торлак, за да сега вика ќе ни треба партнерство, нема никаков план, умираат луѓе

Суштината на оставките на минситрите за здарвство и во Австрија и Чешка е дека не успеале да се справат со предизвикот. Ние кога почна кризата рековме дека треба масовно тсетирање и во светот важеше паролата тестирај-тестирај-тестирај, од крајот на минатата година се зборува за вакцинирај-вакцинирај-вакцинирај, а сега за произведувај-произведувај-произведувај. Ние до втората не сме. И треба час посокоро наместо за провизии каде државата да вложи за прозиводство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисјата „Само интервју“, што се емитува на телевизија Канал 5.

На 15 април министерот вели не ни треба стратешко партнерство со Торлак, за на 16 април да рече ќе ни треба партнерство.

„Јас не знам дали овие луѓе размислуваат. Како вака се менуваат изјавите од ден во ден. Ако сум политичар и водам политика која не успева се повлекувам, ако е проследена со милион скандали тогаш треба да се одговара“, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, најмалку што можеа е да се повлечат, а не грчевито да се борат за своите функции.

Коронавирус