сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 69
home Вести

Мицкоски: Како дојдоа СДСМ на власт, со тепање, фарбање, со кршење на законот, така и сега продолжуваат

Мицкоски: Како дојдоа СДСМ на власт, со тепање, фарбање, со кршење на законот, така и сега продолжуваат

Имам многу тешка задача да им објаснам на членовите внатре во партијата дека овие луѓе како дојдоа на насилен начин, со тепање, фарбање фасади, така имплементира и ја практицираат власта во Република Македонија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој гостуваше во вестите на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека со ваков начин на владеење, СДСМ ги поместила сите вредности на демократско владеење , однесување и практикување на политиката во Република Македонија. Тој истакна дека Македонија не смее да си дозволи уште едно насилничко однесување од страна на пратениците на СДСМ, Зоран Заев, а потпомогнати од Талат Џафери, да овој закон кој што е донесен во една недемократска процедура да започне да незаконски да го имплементира.

-Имаме една тешка антидржавна одлука на парламентарното мнозинство да влезе во една авантура која ќе остави големи последици за Република Македонија. Во моментот ги анализираме сите оние чекори кое што парламентарното мнозинство во случајот СДСМ и ДУИ ги превземаа во средата. Правиме детална анализа на сите прекршување  на Деловникот, законите и Уставот и после таа детална анализа ќе излеземе со наредните чекори кои ги најавивме на нашата  прес конференцијата дента кога ова насилничко однесување се случуваше, рече Мицкоски.

Мицкоски, потенцираше дека тој ден кога на насилен начин се изгласал законот во Собранието од страна на пратениците на СДСМ и владејачкото мнозинство е тажен ден за демократијата во  Република Македонија.

-ВМРО-ДПМНЕ е разочарана. Тоа беше тажен ден за демократијата во Република Македонија и од тој ден па натаму се воведува една нова пракса на парламентарното однесување, воведување на терор на парламентарното мнозинство врз парламентарното малцинство, додаде Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше дециден дека овој закон за двојазичност не смее да профункционира бидејќи бил донесен на насилен начин и во еден недемократски процес.

-Овој закон нема да профункционира и не смее да профункционира бидејќи е донесен во една недемократска, непроцедурална атмосфера и амбиент, на насилен начин од страна на парламентарното мнозинство, Зоран Заев и Талат Џафери.

Мицкоски кажа дека се случува хаос во државата и дека тој го предвидел ова сценарио кое се случило на денот на насилното гласање на законот.

Коронавирус