сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Каде во светот се држат 12% од пратеничка група во притвор?

Мицкоски: Каде во светот се држат 12% од пратеничка група во притвор?

Местото на опозицијата е во Собранието, нашиот одговор е, ДА, така е. Кажете пример во светот каде се држат 12 % од пратеничката група во притвор? Во моментот кога постои политички терор, ние имаме единствена алатка тоа е демократскиот  процес, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „Само Вистина“ на Канал 5.

Мицкоски додава дека контакт со пратениците нема и не може да има бидејќи луѓето се во притвор.

Пристап до нив имаат само нивните бранители. Тој вели дека е во контакт со нивните адвокати и се анализира можноста како да се делува со актот за кривичното дело со кое се сомничат.

Мицкоски додава дека тука не е само политичкиот момент во прашање и има сериозна дилема зошто се случува целата оваа работа.

Коронавирус