четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 173
home Вести

Мицкоски: Каде одат сега парите, кога се задолжуваме како луди и за деца и за внуци да враќаат, а нема проекти?!

Мицкоски: Каде одат сега парите, кога се задолжуваме како луди и за деца и за внуци да враќаат, а нема проекти?!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ прашува каде одат парите од редовните задолжувања што ги прави Владата на РМ. Во интервјуто дадено за „Република“ вели, се задолжуваме како луди и за деца и внуци да враќаат, а нема никакви понудени проекти.

„Сакам една работа да истакнам, ајде да размислиме и за 10 секунди да наброиме барем 3 проекти, објекти, реформи кои Заев ги направи…. Не три, еден проект нема да ви текне ниту мене ниту вас… Е сега на ова сакам да се надоврзам, ако гледаме дека нема ниту еден проект, а нема, во наше време имаше, може да ги видите, стадион, аеродром, сали, училишта, фабрики и слично, е ако сега ги нема проектите, а задолжувањата растат енормно?! Значи имаме задолжување а немаме инвестиции, нема проекти и објекти, тогаш јавноста со право се прашува каде се парите!? Каде одат сега парите, кога се задолжуваме како луди и за деца и за внуци да враќаат, а нема проекти?! И логично е дека парите некаде исчезнуваат, дали во нечии џебови или едноставно исчезнуваат треба да даде одговор јавниот обвинител.“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто потенцира дека актуелната влада нема понудено ниту еден проект со кој би го подобрила живеењето на граѓаните.

-Се промовира евтин беден филм од страна на владата, се режира една претстава чиј режисер затајува. А зад сето тоа стои неспособноста на Владата. За година ипол еден проект не изградија. Еден проект нема. И тоа ќе ви го опишам преку пластичен пример. Се сеќавате кога беше шарената револуција, секој ден одеа шараа низ градот, ќе шараа проекти, згради, споменици изградени од владата на ВМРО и тоа беше дел од нивната психолошка кампања за да испратат порака. П денес да се случи шарена револуција нема што да шараат затоа што овие немаат изградено ништо, освен она тажно Гинко дрво што го посадија на местото на споменикот што го рушеа. Е сега година ипол поминуваат на власт, немаат никаков проект, а се задолжуваат интензивно, тогаш каде се парите, каде им одат парите, буџетите се трошат, а нема ништо за народот. Црн живот за народот, потенцира Мицкоски.

Мицкоски потсетува дека под превезот на ветувањето на еднократна помош за новородено дете се укинува перманентниот надоместок за трето дете.

-Станаа махери за неработа и мајстори за прикажување на неуспесите како успеси. Паднаа неколку места на скалата на Дуинг бизнис. Ги гледаме како преку дел од медиумите се фалат дека напредувале, се фалат дека ќе вовеле еднократен надомест за новородено дете, а го укинуваат перманентниот надомест за трето дете. Велат ќе им овозможеле бања за пензионерите, а покачување на пензии не ни спомнуваат, затоа што тоа нема ни да се случи, подвлекува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус