понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Мицкоски: Јасна е спрегата помеѓу власта и криминалците во оваа држава, треба сите колективно да си дадат оставки и да заминат

Мицкоски: Јасна е спрегата помеѓу власта и криминалците во оваа држава, треба сите колективно да си дадат оставки и да заминат

Денес пред одржување на состанокот со Стопанската комора на Северо – западна Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на пронајдената марихуана во автомобил на МВР на албанско- црногорската граница истакна дека јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и треба што побргу колективно сите да си дадат оставки и да заминат.

– Јасна е спрегата помеѓу криминалците и власта во оваа држава и никој не треба да има дилема, се издаваат пасоши на нарко босови од Балканот, се фаќаат дипломати со македонски пасоши кои што се бараат по потерници по Интерпол и денеска или вчера скандалот кога е заборавена дрога во возило кое што го користат вработени на МВР. Што повеќе треба да се случи во оваа држава за да овие луѓе сфатат дека треба веднаш сите колективно да си поднесат оставки и да заминат, нагласи Мицкоски.

Локални избори 2021