недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Мицкоски: Ја охрабрувам јавната обвинителка да направи истрага за да се добие одговор на тесната врска меѓу мафијата и црногорскиот бизнисмен Дака

Мицкоски: Ја охрабрувам јавната обвинителка да направи истрага за да се добие одговор на тесната врска меѓу мафијата и црногорскиот бизнисмен Дака

Откако на лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му беше поставено новинарско прашање во врска со актуелната тема со црногорскиот бизнисмен Дака, односно дали ќе поднесе кривична пријава против оние кои ги споменува во тој разговор со оглед на тоа дека обвинителството се уште не покажало интерес, тој одговори:

„Суштински е проблемот и тука обвинителството треба да си ја презема работата бидејќи пипците на овој октопод водат кон Панама и тоа го видовте во статусот на Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ но тоа беше објавувано и во медиуми. Сега што се случува. Имавме во минатото чарлиеви ангели, медиумски ѕвезди кои наместо да бидат бизнисмени да отвораат нови производствени погони или некој реновирани градинки училишта или се пуштат некој автопати главна медиумска ѕвезда беа обвинителките кои беа во СЈО знаете како тоа заврши. Еве пред некој ден читав повторно интервју на медиумска ѕвезда наместо во првите две недели да објавиме некоја нова инвестиција прва беше уривање на дивоградба што самите ја изградија и барање на сопственикот кој го знае кој е бидејќи си платил тоа што треба да си плати, второ работа беа мандатните писма, и трето кое мене ми остана забележливо е интервјуто на обвинителката. Наместо да гледате проекти наместо да видите како практично државата оди напред се инвестира во државата се намалува бројот на Ковид заболени, децата одат во градинки среќни, учениците го дочекаа првиот училишен ден на први септември, се зголемија примањата. Во владеењето на мафијата главен во медиумскиот простор е јавниот обвинител. Еве ја охрабрувам нека појде во општина Тетово нека појде во Министерството за транспорт и врски нека, направи истрага и ќе добијат одговор за тесната врска меѓу мафијата и ваков тип на бизнис структури а пипците на тој октопод се до Панама. Ги охрабрувам бидејќи се медиумски ѕвезди место да биде присутна во медиумите. Јас така размислувам дека на тој начин мојата држава треба да се развива но бидејќи знаеме како завршија СЈО сега имаме нов обвинител нека истражи нека види што се случувало. Ние имаме јасна претстава што се случувало македонската јавност преку оние нелегално стекнати материјали слушаше кој е господинот кој го има нарачано тој урбанистички план и за што е наменет.“

Коронавирус