сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 45
home Вести

Мицкоски: Измамници се на власт

Мицкоски: Измамници се на власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера на 27-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, порача дека луѓето на власт се измамници и тие се тие што ја водат државата во овој момент.

-Ветуваа живот,  а донесоа само страдање. Му го кратат лебот на народот поскапувајќи го, цената на горивата вртоглаво расте. А економијата тоне. Нема патишта, нема нови болници, нема спортски сали, нема ништо од ветувањата за поврат на ДДВ и фамозната 13та плата која ја ветуваа додека се добиваа изборите, нема ниту 500 евра просечна плата, ниту 1500 евра плата за докторите, ниту пак толку силно најавуваните проекти за младите. Ги нема ветувањата за пензионерите, за земјоделците, нема просто ншто, заборавија на се овие измамници. Нема покачени стипендии.  Ова е анти економска и антиреформска влада. Но денеска ништо не може од нив да не изненади, секој збор што ќе го слушнеме знаете дека ве лажат и знаетеси кажуваат и неостваруваат. И затоа Заев сега ќе го потурнат и храбрат за да се кандидира за претседател на државата затоа што така мисли дека ќе може да избега од одговорноста за се ова што и се случува на државата, за сите лажни и неостватварени ветувања, за сите неправди, но ќе му порачам овде да не се лаже. Тоа е билет во еден правец, а одговорноста ќе го стигне. Бил премиер или не. Таа ќе си дојде. Затоа што вистинска правда мора да завладее. Па дури и за Зоран Заев, потенцира Мицкоски.

Тој додава дека не смее да дозволиме повеќе политички притисоци да управуваат со правото.. И ова не го зборувам само затоа што само ВМРО-ДПМНЕ е под жесток  удар. И ве молам на тоа да не гледате само така, туку како една сеопшстествена појава која е канцер на нашето општество, која го дели и раслојува.

-Кога било кој граѓанин ќе доживее некаква неправда ќе мора да отиде на суд и да ја бара правдата, но таму правда нема. Нема затоа што таму политиката управува. Тоа е понижувачки, фрустрирачки, за една меѓа, за една обична нива, за обична работа да седите по тие судски лавиринти затоа што правниот систем се распаѓа. Тоа е неуспешна држава. И како човек немам намера да штитам криминал, ниту поддржувам, секој оној кој направил криминал треба да одговара, без оглед кој е и од која партија доаѓа, без оглед како се вика и на која позиција се наоѓа. И потребно е да се стави крај на тоа еднаш за секогаш, затоа што само така можеме да одиме напред. Но ова не е тоа време и ова не се тие постапки, рече Мицкоски.

Коронавирус