петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Вести

Мицкоски: Излезете на овие локални избори и гласајте, затоа што ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат да ве злоупотребуваат

Мицкоски: Излезете на овие локални избори и гласајте, затоа што ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат да ве злоупотребуваат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг пред граѓаните во Гевгелија ги повика граѓаните на 17-ти октомври да излезат масовно и да заокружат број 7.

Тој оцени дека овие избори се шанса за создавање на нова иднина и промени.

-Излезете на овие локални избори и гласајте, затоа што ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат да ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете во домовите, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти за да се биде гласен, рече Мицкоски.

„Овие избори се шанса кога вашето НЕ, за тоа тие да крадат и печалат на вашиот грб. И вашето ДА, за иднина“, порача Мицкоски.

 

Локални избори 2021