петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 160
home Вести

Мицкоски: Излажаа дека ќе ја зголемат минималната плата секоја година

Мицкоски: Излажаа дека ќе ја зголемат минималната плата секоја година

-Рекоа прогресивно ќе ја зголемуваат секоја година минималната плата, после она манипулативно зголемување минатата година пред локалните избори – еве гледаме годинава дојде ноември месец нема ништо такво, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за телевизија Сител.

„Ветија 5% раст на економијата, не само што не обезбедија минатата година раст од 5%, туку гледаме оваа година самите ја девинелираа стапката на раст од 3,2% на 2,8%, иако сите релевантни инстиотуции и ММФ и Европската банка за обнова и развој, а еве сега гледаме и Народната банка на РМ не им проектираат раст поголем од 2,5%, што значи повторно некои 100 милиони евра промашување од аспект на бруто-домашен производ и никој не сноси одговорност. И секогаш ќе го видите премиерот кога ќе му постават прашање „добро, зошто ова не ни да вака како што треба?“- првиот изговор е „ни оставија пред две години проблем овие“, а вториот изговор е „ако јас се збогувам со ове луѓе од економскиот ресор ќе немам со кого да работам“.“, потенцираше Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус