петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Излажаа дека ќе ги донесат Гугл, Фејсбук и овие инвестиции што се тука се селат

Мицкоски: Излажаа дека ќе ги донесат Гугл, Фејсбук и овие инвестиции што се тука се селат

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Отвореното студио на телевизија Алфа истакна дека економијата се движи во надолна линија. Истовремено потсети на сите лажни ветувања за странски инвестиции што ги ветуваше Владата на Зоран Заев.

– Вие се сеќавате на она фамозно интервју на премиерот кога ги најавуваше Гугл, Фејсбук не знам кого се не најавуваше во Република Македонија, ние не можеме ни овие домашниве да ги задржиме бидејќи после оваа даночна таканаречена реформа која што планираат да ја спроведат и јас сум сведок десетици фирми кои ги познавам, бизнисмени и претприемачи планираат да го селат својот бизнис во околните земји, бидејќи, викаат нас навистина ова не ни се исплати ние не можеме и тековната ликвидност да ја одржиме, ситуацијата и онака е тешка овие мерки ќе ја направат уште потешка, ќе треба да ги отпуштиме сите вработени, потенцираше Мицкоски во Отвореното студио на телевизија Алфа.

Најнови вести

Коронавирус