недела, 26. мај 2019. Вести денес: 67
home Вести

Мицкоски: Изборите од првиот круг, по референдумот, се уште еден пораз за Заев

Мицкоски: Изборите од првиот круг, по референдумот, се уште еден пораз за Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во централниот дневник на Канал 5 потсети дека за време на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ освоија околу 36%  од гласовите и околу 30% од гласовите на избирачите коишто тогаш одлучија  да гласат.

-Денеска имаме 12.5% поголема поддршка на оние избирачи коишто одлучија да гласаат во првиот круг, истакна претседателот Мицкоски.

Тој посочи дека локалните избори и претседателските не се споредуваат, бидејќи за време на локалните избори има илјадници и илјадници советници, градоначалници кои се во трката кои се потенцијални градоначалници.

-Додека во претседателските избори имаме само три и тоа значи дека двете работи не се мерливи. Но и покрај сето тоа, ние успеавме да мобилизираме 12.5% повеќе гласови од тие коишто одлучиле да гласаат споредбено со локалните избори, потенцираше Мицкоски.