вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 149
home Вести

Мицкоски: Изборите не се приоритет, туку здравјето на граѓаните

Мицкоски: Изборите не се приоритет, туку здравјето на граѓаните

Нас во ВМРО – ДПМНЕ здравјето на граѓаните ни е приоритет, потоа економијата да тргне или што се вели да застане на нозе и да им се врати самодовербата на луѓето по сите овие карантини, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа.

-Во првите три приоритети не станува збор за избори. Важно е здравјето, да тргне економијата и луѓето да си ја вратат самодовербата. Треба да се врати вербата во државата, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него и претставниците на власта се контрадикторни или еден кажува не сме зборувале за избори, друг кажува како ќе се гласа.

– Без темелна анализа што ќе се случи по оваа пандемија, најмал проблем се маските при гласање, туку каква програма ќе им се понуди на граѓаните. Многу поважно, клучно е што ќе им се понуди на граѓаните. Или едноставно важно е каква програма ќе им се понуди, рече Мицкоски.

Коронавирус