сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Избори на пролет, силно сме уверени во предност од најмалку 100 илјади гласови

Мицкоски: Избори на пролет, силно сме уверени во предност од најмалку 100 илјади гласови

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „360 Степени“, зборуваше за барањето на партијата за предвремени парламентарни избори.

Јас не го уценував, ниту го условував договорот за законот за јавно обвинителство со избори, туку едноставно на таа лидерска средба во јуни-јули, беше чудно и надвор од реалноста да не разговараме и за предвремени парламентарни избори, покрај сите оние теми коишто тогаш ги наметна владата. Тие тогаш не беа подготвени да разговараат за предвремени парламентарни избори и затоа не отидовме. Затоа пак сега, кога отпочна оваа средба во Собранието, ние дефиниравме дневен ред, дневниот ред содржеше и тема на дискусија за предвремени парламетнарни избори, рече Мицкоски.

Како што кажа, тој смета дека е нормално опозицијата да бара предвремени парламентарни избори кога смета дека владата работи погрешно, дека работите во државата не се одвиваат добро и постои огромно незадоволство кај граѓаните.

Ние сме веќе на третата година од мандатот на СДСМ и Зоран Заев. Заев вели дека води на анкетите, но според објективните и нашите анкети, ние сме силно уверени дека предноста на ВМРО-ДПМНЕ при евентуални предвремени избори би била најмалку 100 илјади разлика. Но, има еден начин дали ние сме во право, дали Зоран Заев е во право, а тоа е да организираме предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека доказ за државотворниот капацитет и државничкото однесување на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што основен приоритет и единствена цел на партијата е како Македонија да добие датум за преговори во октомври, и дека така и се однесуваат и помагаат во таа насока, и во рамките на Парламентот и на општеството.

Но, да ги почекаме резултатите од Европскиот совет, да видиме кој ќе биде заклучокот и мислам дека веднаш потоа можеме да договориме формирање на техничка влада и некаде таму на пролет да одржиме предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски.