среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 22
home Вести

Мицкоски: Истиот ден кога Заев отиде во Брисел да лобира за ЕУ, во Собранието стигна закон за трговија на марихуана за бизнисите на Заеви

Мицкоски: Истиот ден кога Заев отиде во Брисел да лобира за ЕУ, во Собранието стигна закон за трговија на марихуана за бизнисите на Заеви

Истиот ден кога го испративме Зоран Заев во Брисел да лобира, да се обиде да добие дата за отпочнување на преговори, во Собранието добивме честитка од „Илинденска„ бр.2 предлог-закон за опојни дроги по постапка којашто на тој закон му доделува европско знаменце кој се фокусира на производството и трговијата со марихуана, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хритијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Клан Дебата“.

Тој посочи дека станува збор за лицемерие на Заев.

-Покрај сите арамилуци, криминалии што сте ги направиле сите очи се вперени во вас, таму е пола влада, беа во Њујрк, во Брисел имаат задача дали ќе добиеме датум и паралено со тоа се злоупотребува европското знаменце за да донесе закон кој што се однесува на опојните други, додаде Мицкоски.