вторник, 7. февруари 2023. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Најнов биланс: Во земјотресите во Турција и Сирија загинале повеќе од 3.000 луѓе, најмалку 15.500 повредени

home Вести

Мицкоски испрати телеграма со сочувство до Курц

Мицкоски испрати телеграма со сочувство до Курц

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати телеграма со сочувство до австрискиот канцелар Себастијан Курц по вчерашниот тетористички напад во Виена.

-Примете го моето сочувство и најдлабоко жалење за настаните кои се случија во Виена. Овој напад е терористички напад на цела Европа, и на вредностите кои ние ги негуваме. Македонците сочувствуваат со Австријците во овие тешки моменти. Нашите молитви се со Вас и Вашата држава, стои во телеграмата на Мицкоски.