петок, 23. јули 2021. Вести денес: 153
home Вести

Мицкоски испрати силни и прецизни пораки: Побара обединување за заштита на националните интереси

Мицкоски испрати силни и прецизни пораки: Побара обединување за заштита на националните интереси

Во својот вчерашен говор на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, партискиот лидер Христијан Мицкоски испрати силни и прецизни пораки.

Тој повика на обединување на опозицискиот блок посочувајќи дека тој што ќе избере да не се бори против Заев избрал да слугува на интересите на премиерот.

Излезот од состојбите во Македонија е победа на обединет опозициски блок, убеден е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Имаме разлики во опозицијата, ама целта ни е иста. Пораз на Заев и вадење од катастрофата на Македонија. Во изминатиот период имав контакти со повеќе лидери и партии и чувствувам силно опозициско расположение и еве тука, од Битола,  во име на ВМРО-ДПМНЕ подавам рака кон секоја опозициска партија и сила, да ни се приклучат. Ако целта ви е промени на власта, пораз на мафијата на Заев, СДСМ, ДУИ – тогаш сте добредојдени со нас, повика Мицкоски од прославата на триесетгодишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициски блок најдобро ќе ги штити државните интереси, ќе се бори за економски прогрес и ќе ја победи мафијата, убеден е Мицкоски.

-Сега повеќе нема никакви изговори, ова е моментот за обединување и подавање на рака. А сите тие кои ќе останат надвор и кои ќе се колебаат, бараат изговори или спротивстават на обединување се оние служат во скутот на Заев и се инсталирани од власта за да ја слабеат опозицијата. Многу јасно и прецизно ќе се видат. А опозицискиот блок, обединетата опозиција ќе ја собори власта. Овде се работи за нашата иднина и за иднината на сите. Се работи за иднината на Македонија, порача Мицкоски од Битола.

Мицкоски направи споредба меѓу него и Заев, прашувајќи кој може подобро да ги брани и застапува граѓаните.

-Кој може подобро да ги брани или застапува, јас кој едно пенкало во животот немам украдено или Заев аболиран кој украде цела држава? Јас кој се школував овде и во центри во Европа, или Заев кој во тоа време создаваше клановска крими империја во Струмица и продава во Русија?Јас, кој работам според чест, принципи и вредности, или Заев кому свитканата кичма, лажењето и тапкањето по рамо му секојдневие. Се знае тука кој е изборот. Па драги пријатели, кој го потпиша договорот за Стратешко партнерство со САД? ВМРО-ДПМНЕ. Кој донесе визна либерализација? ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби договор за стабилизација и асоцијација? ВМРО-ДПМНЕ. Кој доби десетина препораки за почеток на преговори со ЕУ? ВМРО-ДПМНЕ. Епа, ова е најдобриот демант на тезите на домашните пара-аналитичари кои сами прават некакви листи во име на Заев, рече Мицкоски.

Мицкоски кажа дека власта води кампања за лажни стереотипи и лажни патриоти.

-Власта на Заев преку ограничување на слободата, диктирањетто на тези преку ваквите пара-аналитичари и со силно присуство и замешателство на државни полициски структури се создава лажен амбиент во кој бранењето на националите интереси треба да биде нешто што е погрешно. Нивната цел е кога ќе се каже зборот патриот или Македонија, секој оној кој тоа го збори да се оцрни дека е квази патриот кој брани некаков криминал. А не е така. Ваквите стереотипи на оцрнувања и лаги и лажни вести Власта ги прави за да ја деградира нашата борба, а на тој начин да го заштити нивниот криминал. Тие сакаат да мислите дека сите сме извалкани со истата кал. Постојано да сте разочарани од политичарите со девизата „сите се исти“. А не сме исти. Дури ни целото СДСМ не се исти, туку се заглавени и киднапирани од триесетина души, на чело со Вице, Зоки, Рада, Путерот и Оли. Е, затоа народот треба да биде високо свесен за лагите кои ги пласира и пропагандата на власта преку силен притисок за националните, општествените или економските прашања, за онаа вештачка дебата на власта изразена во она стандардно прашање: „А, вие што направивте? А, каде бевте кога Заев ја продаваше Македонија?“ Еве, ќе ви кажам: Се боревме и ќе продолжиме да се бориме. Ете тоа е одговорот, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи: „Ги почитувам стратешките интереси на САД, но тоа не значи да не се бориме за македонските интереси чија борба мене ми импонира“.

-ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на САД. Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија. И таа борба мене ми импонира. ВМРО е народна партија и секогаш била и ќе остане. Главното прашање е колку со договорите се подобри квалитетот на живот, и дали народот е задоволен неколку години потоа, каде се ветувањата на Заев дека ќе дојде ЕУ, дека ќе дојдат високите плати, бесплатното здравство, отворање на границите и бесконечни можности? Јас сум реалист и треба реално да се говорат работите, изјави Мицкоски

Коронавирус