сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Мицкоски испрати порака до разочараните членови на СДСМ

Мицкоски испрати порака до разочараните членови на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од вечерашниот масовен митинг на партијата, испрати порака до членовите на СДСМ кои се разочарани од власта.

-Ќе ги споменам и разочараните членови на СДСМ, оние на кои вистински им значи Македонија и кои знаат дека корупцијата и криминалот не се работи кои се оправдуваат, но се обраќам и до оние кои чекореа по овие улици и вистински се понадеваа дека ќе се изборат да има правда и да има мир. Знаат дека ниту правда се донесе, ниту мир се постигна. А воедно Заев ги предаде сите идеали во кои веруваа. И не е ова СДСМ на кое се надеваа, ова е Зоран Заев кој нив ги измами.Сега е моментот кога треба да бидете доследни на она во што верувате, бидејќи живот без идеали е како куќа без темели. А што е животот во Македонија? Ништо, дрво без корен. Македонија е во нас околу нас, таа е наша емоција и наша суштина. Се да имаме Македонија ако ја немаме, ништо немаме, посочи Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус