вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Искористувањето на парите од пензиските фондови не значи загрозување на парите на пензиите, нема да фали ниту денар, така ќе обезбедат 200 милиони евра

Мицкоски: Искористувањето на парите од пензиските фондови не значи загрозување на парите на пензиите, нема да фали ниту денар, така ќе обезбедат 200 милиони евра

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само Интервју“ зборуваше за тоа како да му се помогне на стопанствотово оваа ситуација и дали има пари во буџетот на Република Македонија при што тој го истакна следново:

-Aко ги спроведоа сите оние работи кои што ние им ги кажавме, ако Народната Банка ја намалеше камата на благајничките записи и дел од тие пари завршија во хартии од вредност. Вчера слушав тука се мешаат поими ликвидност и бев зачуден за тоа. Имаме веднаш тука расположливи средства кои што можеа, ако ги пррефрливме овие пари кои што ги имаме од пензиските фондови кои што веднаш можеме да ги канализираме за ликвидност во економијата да ги поддржиме економиите.

Мицкоски во врска со ова посочи дека голем дел од Балтички земји како Литванија, Летонија и Естонија во кризата 2008-2009 година го направија ова, а сега истото ќе го направи и Естонија.

-Јас зборувам сега кога ние имаме проблем какако буџет да собереме пари, ликвидност за да обезбедиме јавна потрошувачка за да имаме здрава економија. Сите луѓе кои што се во криза се застапници дека треба да се вбризгаат пари во економијата и да се троши. Но, треба да се обезбедат тие пари, кажа Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција наброи од каде можат да се најдат 10 милијарди денари на пзарот на трудот и тоа е од од благајничките каси на државни хартии од вредност, со интевенција во пензискиот фонд, вториот задолжителен пензиски столб да се позајми таа ликвидност и да се стави во оптек.

-За фондот тоа се пари кои ние ги плаќаме од нашите придонеси и тоа е еден вид шетедење и тоа се пари кои одат на наши лични сметки- државата не зима ниту денар и денар нема да фали за никој осигуреник. Сега зема државата со оваа урамниловка што ја предлагаше и со минималната плата. Вие уплаќате 18% односно работодавачот уплаќа 18 % за пензиско осигурување. Сега 18.8 бидејќи две години по 0.4 зголемуваа. 6% од тие одат во приватните фондови и до овој момент ако се донесеше таа одлука до 01.04.2020 тие пари си се капитал на тие пензиски друштва, тие си ги работат, си ги пласираат вие добивате извешатаи и тн.Од сега па натаму овие пари користете ги за поддршка на задолжителниот прв пензиски столб затоа што ако тоа не го направиме пензиите ќе бидат доведени под знак прашање и јас ви гарантирам дека за неколку денови од денес ќе го слушнете или Оливер Спасовски или Зоран Заев или Нина Ангеловска како ќе не убедуваат деа треба да се намалат пензиите. Во наредните 9 месеци се суспендира уплатата во вториот пензиски столб, колку пари во овој момент државата ќе позајми , толку пари со стапка на принос ќе ги врати назад во вториот столб на пензискиот фонд. Никој од никого нема да земе. По овој основ станува збор за оваа година се предвидени 10 милијарди денари или 150-160 милиони евра, додаде Мицкоски.

Коронавирус