вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 57
home Вести

Мицкоски: Исклучените од партијата отидоа против конгресните документи, програмата, доктрината на ВМРО-ДПМНЕ каде сме против промена на уставното име

Мицкоски: Исклучените од партијата отидоа против конгресните документи, програмата, доктрината на ВМРО-ДПМНЕ каде сме против промена на уставното име

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат- М потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е најголема и најорганизирана политичка партија во која е многу нормално да има различни мислења и ставови се до моментот на носење на конечна одлука.

Според него логично е веќе кога се вклучувате во политичка партија да ги почитувате политиките и одлуките во таа партија, што, како што рече, не беше случај со 7-те пратеници кои ги исклучија, а постапија спротивно политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ не е хорско друштво, па секој во различен тон да пее. Е сега кога вие знаете дека има конгресна одлука, која што дава точна насока како треба да се постапува по прашањето за името, конгресна одлука од Конгресот во Валандово која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Куманово, која што е продолжување на одлуката од Конгресот во Битола, имате партиска програма со која сте излегле на изборите во 2016 година врз основа на која вие сте го добиле мандатот, имате одлука на Извршниот Комитет, имате одлука на Централниот комитет и вие постапувате спротивно на таа одлука, вели Мицкоски.

Според него во политиката и во партиите е многу важно доколку се има сет на документи и серија политики да продолжат да се следат бидејќи на друг начин тие ја ризикуваат позицијата меѓу сопартијците.

Коронавирус