вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 175
home Вести

Мицкоски: Институциите да ја проверат даночната пријава на Шилегов

Мицкоски: Институциите да ја проверат даночната пријава на Шилегов

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  при учеството на обуката организирана од Кондар Аденауер, а во врска со поттикнување на демократија на локално ниво запрашан за тоа дека како партија изнесувате информации за имотната состојба на Шилегов, но кое е решението, истакна дека решението е институционализација на проблемот, гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник, добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите

-Решението е институционализација на проблемот, гледаме дека имаме енормно зголемување на богатството на скопскиот градоначалник, добро е да се провери неговата даночна пријава од страна на институциите, посочи Мицкоски.

Тој додаде дека во земјава има Финансиска полиција, Управа за јавни приходи, имаме Антикорупциска комисија.

-Тие треба да ги проверат имотните листови на господинот Шилегов, и да ги проверат неговите даночни пријави, многу лесно еден плус еден ќе дојдеме до два и ќе дојдеме до одговорот на оваа дилема што деновиве скопјани се погласно ја зборуваат, рече Мицкоски.

Локални избори 2021