сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 86
home Вести

Мицкоски: Имавме исклучително добри и пријателски средби со Европската народна партија

Мицкоски: Имавме исклучително добри и пријателски средби со Европската народна партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисјата „Јади бурек“ на Тв Сонце вечерва истакна дека иако владата продолжува со негативната кампања против партијата дека е изолирана, ВМРО-ДПМНЕ со меѓународните средби го докажало сосема спротивното.

-Ние имавме средби на Конгресот на ЕПП биравме претседател, потретседатели, генерален секретар, благајник, имавме десетина средби со високи политичари меѓу кои и со господинот Доналд Туск, кој е сеуште актуелен Претседател на Европскиот совет, сега веќе е избран за Претседател на Европската народна партија и го замени господинот Жозеф Дол, вечли Мицкоски.

Тој вели исто така дека очекува одлична соработка, и најавите за тоа во средбите биле искрени и пријателски. Говорот на Конгресот кој што бил проследен во ЕПП многу позитивно како и присуството на Самитот говори за тоа дека ВМРО-ДПМНЕ не еизолирана партија.

-Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ успеа преку тој внатрешен систем да ги корегира сопствените грешки и да се претстави речиси веќе две години во поинакво светло, од друга страна меѓународната заедница виде со кого си имаат работа и сфатија дека додека се распродаваше онаа преговарачка позиција стекната со години паралелно и се крадеше, се менуваа закони за јавни набавки, се злоупотребуваа функции, се уживаа привилегии, практично хедонизмот царуваше и арамилукот на сметка на распродавањето на националниот интерес, вели Мицкоски.

Коронавирус