среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 25
home Вести

Мицкоски: Имаме заробена држава, Македонија мора да се придвижи кон ЕУ

Мицкоски: Имаме заробена држава, Македонија мора да се придвижи кон ЕУ

Ваквите настани се огромна можност за младите да научат нови работи, но и за сите нас, да научиме нешто од напредните држави и луѓето кои доаѓаат од тие држави, им се заблагодарувам на Фондацијата Јарл Хамерсон и партијата Модератерна, за овозможување на овој настан, како и за сите настани кои до сега беа организирани, а се надавам и ќе продолжат во иднина, рече Мицкоски на денешното обраќање на настан организиран од страна на шведската фондација Јарл Хамерсон, Модератерна и УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-На овој настан зборуваме за слободното општество и јас морам да признаам една работа, дека нашата држава е се, само не слободно општество. Ние овде зборуваме за заробена држава, а тоа ќе го објаснам низ неколку реченици. Имено ако се навратиме неколку месеци наназад, за време на парламентарни избори, кои требаше да се одржат во април, но се пролонгираа за јули поради пандемијата, и тоа беше одлична можност за власта да ја злоупотреби вонредната состојба, со злоупотреба на институциите за кражба на изборите, но и со директен поткуп, кажа Мицкоски.

Тој посочи и на големиот притисок врз граѓаните, особено врз администрацијата, кој што се случи од страна на власта, но и промената на Изборниот законик, непосредно пред изборите, што е преседан, кој никогаш во минатото не се случил, а сега беше направен без политички консензус.

Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ била претставена во медиумите двојно помалку, отколку власта, и сето тоа поради измените во Изборниот законик.

И покрај сите пречки за време на кампањата, ние ги прифативме резултатите од изборите, рече Мицкоски и дополни – „ Затоа што веруваме во европските вредности и покрај сите злоупотреби, бидејќи сакаме да бидеме извор на решенија, а не на проблеми.“

Мицкоски кажа и за големиот број на ветувања кои власта ги дала, но не може да ги исполни, но и за водењето на надворешната политика без било какви принципи и достоинство. Тој ги предочи и ветувањата на Заев кон Борисов, кој сега не блокира и го оневозможува нашиот пат кон ЕУ.

Мицкоски ги замоли претставниците на Модератерна да и помогнат на Македонија на својот пат кон ЕУ, бидејќи и Македонија и нејзините граѓани го заслужуваат тоа, истовремено лобирајќи и кај Бугарија за нашата држава.

-Би сакал и да лобирам кај вас, да и предочите на македонската влада да прекине со злоупотребите на институциите, да не ги злоупотребува правосудните органи, бидејќи ние веруваме во правда и право, посочи тој.

ЕУРО 2020

Македонија