петок, 25. септември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Мицкоски: Имаме срамно политизирано обвинителство и судство, правдата е недостапна

Мицкоски: Имаме срамно политизирано обвинителство и судство, правдата е недостапна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во телевизиската дебата на Македонска радио телевизија, вели дека оваа влада изврши трговија со правото и со правдината, се менуваа закони кои што беа испорачани вредности на она што тие го ветуваа.

Тој вели додека се убедуваа пратениците да гласаат за уставните измени.

-Тоа се водеше во една скандалозна постапка, па во непријатна ситуација се водеа Кацарска судиите, Рускоска обвинителите да кажуваат едно, па утре да велат тоа не важи затоа што стигнала нарачката во поинаков плик од предходниот ден, рече тој.

„Оваа влада нема капацитет, ниту можеме да веруваме во институциите кои ги води оваа влада дека можеме да обезбедиме правна држава, владеење на правото и демократија во оваа држава, кои што треба да бидат неприкосновени принципи“, вели Мицкоски.

Тој истакна дека „СДСМ и Зоран Заев дојдоа на власт со максимата нема правда нема мир, а видовме дека ниту мир имаме, а правдината ни служи за поткусурување, односно средство со кое ние добиваме политички поени“.

-Уставните измени беа кулминација на еден процес кој изобилуваше со низа на недемократски процеси со исклучителна девалвација на владеење на правото и правната држава. Недовербата во правото, во правдината од страна на граѓаните е огромна, вели тој.

Коронавирус