четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 69
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Мицкоски: Имаме само една земја, а таа не има само нас, ќе ја поразиме власта која е на колена

Мицкоски: Имаме само една земја, а таа не има само нас, ќе ја поразиме власта која е на колена

Имаме само една земја, и таа земја не има само нас. И јас сум тука за да успееме во нашата мисија да ја кренеме Македонија од пепелта и да ја обновиме. Ќе го поминам секој град и село, ќе ја подадам раката кон секого, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од одбележувањето на годишнината на Општинскиот комитет во Штип.

Мицкоски додава дека без било каква наметлива ароганција ќе учи ВМРО од секого и потоа како што заеднички ќе бидат понудени решенија за проблемите кои го мачат овој народ.

-Имаме план, имаме сила имаме мотивација за обновата која следи. Не чека многу работа. За да се случи ова, мора да има предвремени парламентарни избори. Да ја поразиме оваа власт која е на колена. И ќе ја поразиме. Ви велам овде во Штип, ова лето господово, дека оваа власт ќе биде поразена и испратена на маргините на политичката историја на Македонија, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.