сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Имаме работа со влада која работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено политичката состојба

Мицкоски: Имаме работа со влада која работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено политичката состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Амбасадорот на Романија во Република Македонија, Виорел Станила.

На средбата беше разговарано за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, како и стратешките и реформските процеси кои се од големо значење за државата.

Претседателот Мицкоски изрази голема загриженост за лошата економската состојба во која се наоѓаат граѓаните и посочи дека поради неспособноста на актуелната влада на Зоран Заев и СДСМ да обезбеди економски раст и капитални инвестиции, граѓаните на Република Македонија живеат во сиромаштија.

Имаме работа со влада која работи преку измами, затоа граѓаните се чувствуваат разочарани од општествено политичката состојба, истакна Мицкоски кој посочи дека отсуствуваат и клучните реформи значајни за европската агенда на земјава.

Мицкоски и Станила разменија мислења за натамошно унапредување и зајакнување на меѓусебната соработка меѓу двете држави кои што се од взаемен интерес.

Најнови вести

Коронавирус