недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Мицкоски: Имаме план за намалување на невработеноста под  10%, повисоки плати во образованието за 50%, стабилен раст на БДП од 4% и развојни економски центри

Мицкоски: Имаме план за намалување на невработеноста под  10%, повисоки плати во образованието за 50%, стабилен раст на БДП од 4% и развојни економски центри

Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски во своето прво интервју по стапувањето на функцијата претседател на партијата, пријатно ја изненади јавноста со своите економски познавања, развојни проекти како и економска стратегија за иднината на државата.

Она што можеше да го чуе македонската јавност од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното интервју е дека повторно во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе биде економијата. Мицкоски истакна дека странските инвестиции имаа огромен допринос во намалувањето на невработеноста намалување на трговскиот дефицит како и растот на БДП, а дополнително новата влада која би ја формирала ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стимулира инвеститорите да формираат развојни центри кои ќе создаваат нов квалификуван кадар.

Овој кадар ќе понуди услуги на пазарот на труд кои ќе бидат високо платени. Развојните економски центри во светот се покажале од огромно значење за државите во кои се наоѓаат, Кина е одличен позитивен пример за ваков начина на функционирање, а  формирањето на домашната кинеска компанија ,,Huawei’’ како резултат на овие зони е одличен пример за трансферот на знаење  и ,,know how’’ од овие зониЗа создавање на ваков високо квалификуван кадар се потребни интензивни реформи во образованиет вели Мицкоски, тоа ќе се спроведе со стимулиран кадар во образованието со повисоки плати, односно Мицкоски откри дека прва мерка која ќе ја спроведе некоја идна владата која би ја формирала ВМРО-ДПМНЕ е зголемување на платите на вработените во основното и средното образование за цели 50 проценти во однос на тие што се во моментот.

Мицкоски им вети на граѓаните дека невработеноста која во овие моменти поради позитивните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ е на рекордно ниско ниво од 22% доколку  ВМРО-ДПМНЕ  се врати на власт ќе продолжи да се намалува.  Тој го потенцираше фактот дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ невработеноста се намали од 38 на 22%, што е намалување за цели 16 проценти, што значи дека преку успешни политики таа може и понатаму да се намалува. Мицкоски вели дека таа со нови политики кои ќе значат модификација на ново настаната ситуација на пазарот на труд таа може да се намали и под  10%.

Новите политики на ВМРО-ДПМНЕ на економски план ќе бидат формирани од тим со високо квалитетно портфолио како на професионален така и на научен план, а овој тим ќе ги искористи позитивните пракси од минатото како и новите трендови во Европа и адаптација на актуелната ситуација на Европските пазари. Мицкоски истакна дека овој тим ќе креира економска клима во која Македонија ќе има стабилен економски раст на БДП од 4 проценти на годишно ниво и фокус на намалување на невработеноста под 10 проценти. 

Коронавирус