петок, 21. септември 2018. Вести денес: 122
home Вести

Мицкоски: Имаме пад за 27 места на скалата за иновативност, државата не се води со тендери за тате и бате

Мицкоски: Имаме пад за 27 места на скалата за иновативност, државата не се води со тендери за тате и бате

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во емисијата „Јади Бурек“ на телевизија Сонце, истакна дека Зоран Заев не знае како да ја води државата и единствено нешто што прави е предавство на се што е македонско и се моли од небо да му падне решението на сите проблеми.

Мицкоски подвлече дека за да се води државата мора да се биде иновативен и да се има визија, проекти, а воедно го напомена фактот дека токму во 2018 година, Македонија бележи катастрофален пад од 27 места на скалата за иновативност, на светската организација за мерење на иновативност во светот.

-Вие треба да имате визија, треба да имате проекти, вие треба да сте иновативен. Еве денеска читам дека во 2018 година за 27 места сме паднале на скалата на светската организација за мерење иновативност на државите, и последни сме во регионот. Албанија е пред нас на 83 место  ние сме 84 место, 27 места сме паднале за една година. Вие ако не сте инвентивни и иновативни вие не можете да водите и да се занимавате со политика. Вие не можете со гранапче да се занимавате.

Според Мицкоски, владата на Заев функционира со многу корупција и непотизам тендери поделени на роднини и пријатели, кои го подобруваат животот на мала група луѓе од власта, а на сите останати во Македонија животот се претвора во пекол.

-Дај го тендерот на тате бате, другарот од маало и дека на тој начин вие ќе имате поубав живот, а на сите останати животот ќе им станува пекол, не се води, тоа е на краток рок и ќе молите бога ајде сега еве готово јас од утре ќе распродадам се околу мене, кажа Мицкоски.