среда, 2. декември 2020. Вести денес: 166
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Мицкоски: Имаме концепт за решение на реалните проблеми на граѓаните

Мицкоски: Имаме концепт за решение на реалните проблеми на граѓаните

Во текот на денешниот ден сме во Велес. Продолжуваме со акцијата „Обновата пред вашиот дом, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град“. Разговараме со неколку целни групи.

Денеска во Велес ќе посетиме два стопански производни објекти, дел од програмата којашто е во завршна фаза и којашто сме убедени и гарантираме за нејзиниот квалитет дека ќе понуди решение за многу реални проблеми коишто во изминатиот период ги слушнавме од страна нашите соговорници, а се однесуваат на подобрување на условите за водење бизнис во Република Македонија.

Но, она коешто исто така е за нас важно, да дел од искуствата коишто ете претприемачите од велешката општина ќе ни ги пренесат, да видиме дали и како можеме да ги вклопиме во концептот на нашата предизборна програма.

Концепт којшто сме убедени дека ќе понуди како што кажав решение за овие реални проблеми. Но, истовремено во текот на денот ќе имаме состаноци и со просветните работници. Изминативе денови во Гевгелија разговаравме со здравствените работници, претходно разговаравме во Радовиш со камионџиите, понатаму со фелата, со занаетчиите во Прилеп. Продолжуваме во деновите коишто следат да ја презентираме нашата програма.

Веќе од ова недела ќе имаме и јавна промоција на дел од тие мерки, посебно оние кои што се однесуваат на бизнисот.

Се надеваме на програма и одзив од страна на нашите соговорници коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги вклопи во периодот којшто следи и ќе ги понуди за граѓаните на следните предвремени парламентарни избори во којшто очекуваме да обновата на Македонија победи и поднесе победа која што ќе биде историски најголема во независна и суверена македонска држава, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Коронавирус