среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски: Имаме концепт и план, обновата доаѓа, Македонија може повеќе и подобро

Мицкоски: Имаме концепт и план, обновата доаѓа, Македонија може повеќе и подобро

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес беше во посета на Прилеп каде тој оствари низа на активности.

Најпрво тој оствари средба со вработените од „Еурокомпозит“ и порача дека по три години лаги од Заев нема решение.

-Пред една недела од прилика најавивме на прес-конференција дека ВМРО-ДПМНЕ започнува теренски активности во периодот кој што следува „Обновата пред вашиот дом“, но и претседателот на партијата заедно со граѓаните во определени центри. Разговараме со граѓаните во тие центри за реалниот живот, за она што се случува. Да видиме што можеме ние како политика која што ќе биде дел од нашата предизборна програма да промовираме, да понудиме. Да видиме што можеме дополнително да додадеме во рамките на нашата програма. И мислам дека заеднички тука учиме со граѓаните, со бизнис заедницата, со други целни групи, со земјоделците. Еве бевме денес во „Еурокомпозит“ заедно со вработените во „Еурокомпозит“ разговаравме за сите оние лаги и неисполнети ветувања од страна на Владата на СДСМ. Тука можеме да научиме и да извлечеме поука од сето тоа и во иднина сето тоа да не го повториме, истакна тој.

Мицкоски порача дека имаат знаење, план и визија.

-Знаеме како најголемиот дел од тие проблеми да ги решиме. Нема да ветуваме чуда, нема да ветуваме нешто што не сме во можност да го испорачаме. Ние не сме ниту СДСМ, ниту Зоран Заев. Ние сме луѓе кои што пред се сакаат честито да настапат пред граѓаните со кои што комуницираат. Имаме конзервативен пристап, односно пристап – вети она кое што, можеш да го испорачаш, а не ветувај популистички само да останеш на фотелјата, а потоа сето тоа да го заборавиш. Така што мислам дека ќе биде или да не бидам претенциозен сигурен сум дека ќе биде препознаена од граѓаните, и дека после 12-ти април ќе можеме сето тоа што сега го зборуваме и за кое се обврзуваме со договор пред граѓаните да го испорачаме, истакна Мицкоски.

Потоа тој ја посети фабриката „Витаминка“ од каде порача дека мора да се ослободи економијата од стегите на хибридниот режим.

Ја посетив фабриката Витаминка од Прилеп. Одличен бренд кој трае над 60 години и вработува над 700 луѓе. Развојот на нашата економија треба да се темели врз успешните примери кои треба да растат дополнително, да се прошируваат и зајакнуваат. Економијата ќе го има нашиот најголем фокус зошто преку нејзе се гради иднината на една земја и може да се обезбеди добриот живот, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Мора да се ослободи економијата од стегите на хибридниот режим кој го донесоа, од корумпираноста со која сме први во Европа, да изградиме квалитетен систем каде човечкиот труд ќе се вреднува, а знаењето и професионализмот ќе доаѓа до израз. Имаме концепт и план. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе чекори вистински напред, праведно, развојно, со концепт и идеја. Македонија може повеќе и подобро, додава Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одржа состанок во Општинскиот комитет во Прилеп од каде тој порача дека народот е револтиран затоа што денес во Македонија владее хибридниот режим на Заев.

Одржав состанок во општинскиот комитет во Прилеп, каде беше претесна салата да го прими народот кој во ВМРО ДПМНЕ гледа шанса и надеж, што за мене е најголема обврска и должност. Народот е револтиран затоа што денес во Македонија владее хибридниот режим на Заев, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-Први сме како држава само по корупцијата која не го одминува ниту Прилеп. Нема ниту едно ветување кое го исполнија, а само рекетот и криминалот тој кој расте. И едно е сигурно дека не се може повеќе вака. Потребна е работа, исправена кичма и чест. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе биде на вистинската страна, на страната на обновата, на страната на Македонија!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денешната посета на Прилеп и Прилепско ја заврши во Долнени каде тој оствари средба со земјоделците.
Оттаму тој порача:

„Бев во Долнени. Земјоделците се незадоволни, велат трудот владата ни го множи со нула. Иселувањето овде е присутно, а за тоа говорат затворените домови, отселените куќи. Земјоделците мораат да ја имаат почитта од Владата, и поддршката која ја заслужуваат. Затоа доаѓа обновата и прoмените за кои заедно ќе се избориме.“

Коронавирус